Корона-кризата предизвика „хаос“ во Реал Мадрид – Перез во големи проблеми!

Реал Мадрид ја изненади јавноста со најновите информации околу финансиската ситуација во клубот. Челниците укажаа дека ниту тие како ‘кралски’ клуб не можеле да останат имуни на светската криза предизвикана од коронавирусот.

Мадридскиот клуб изјави дека пандемијата предизвикала намалување на приходите од 13% за минатата сезона. Реал за годинава предвидел буџет од 617 милиони евра, а нивната сметка е испразнета за 300 милиони евра помалку од она што би се очекувало без пандемијата.

Оваа криза ги принуди играчите и тренерите на фудбалскиот и кошаркарскиот клуб Реал Мадрид, да дадат „зелено светло“ и да се согласат за 10 проценти помала плата за оваа сезона. Но, Флорентино Перез најавува и ново дополнително намалување на платите на фудбалерите, иако поголемиот дел од нив не се согласуваат на една таква одлука.

Се вчитува...