Корона-проблеми за Шведска: Втор позитивен фудбалер пред ЕВРО 2020

Шведска ќе биде сериозно ослабена на стартот од европскиот шампионат откако денеска беше потврден и вториот позитивен случај на Covid-19 во оваа скандинавска селекција. Само неколку часа откако беше објавен позитивниот тест на Дејан Кулушевски, од шведскиот табор потврдија дека е позитивен и Матијас Сванберг, играчот за врска на Болоња кој исто така ќе мора да ги мине наредните денови во самоизолација.

Сванберг важи за еден од најдобрите пријатели на Кулушевски во шведскиот национален тим, па јасно е дека нивната средба пред репрезентативниот собир се покажала кобна за оваа селекција. Сега двајцата репрезентативци дефинитивно ќе го пропуштат премиерниот меч од ЕВРО 2020 против Шпанија закажан за понеделник, а прашање е дали ќе можат да се најдат во тимот за дуелот со Словачка четири дена подоцна.

За потсетување, Шведска остана и без помошта на Златан Ибрахимовиќ, кој неодамна се врати во националниот тим токму за да помогне на ЕВРО 2020, но заработи незгодна повреда настапувајќи за Милан и ќе мора да мине извесен период надвор од терените.

Се вчитува...