Во време на корона се е изменето. Дури и состаноците во ФФМ. Претставниците на прволигашките клубови ќе бидат пречекани на фудбалскиот терен, со потребната дистанца, на отворен простор, но под чадори како заштита од жешкото сонце. Сепак, се очекува да биде „жешко“ на состанокот, со оглед дека ќе се решава за продолжението на Првата фудбалска лига. Секој клуб со свои интереси, а ФФМ најмногу за седум дена ќе мора да одлучи. Наближува терминот одреден од УЕФА (25. мај 2020.) за конечен став околу натпреварувачката сезона 2019/2020 во Прва МФЛ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА