Коронавирусот се појави и во тимот на Хувентуд откако по задолжителните тестирања во пресрет на дуелот со Партизан во Белград, позитивни беа четири члена на составот од Бадалона.
Засега не се откриени имињата на лицата кои се позитивни, но согласно со протоколот, шпанскиот состав нема да отпатува во главниот град на Србија, а денеска ќе помине низ уште една серија на тестирање.
Ова воедно претставува и сериозен проблем за македонската репрезентација, бидејќи се загрозува присуството на Нено Димитријевиќ на престојниот „балон“ во Талин каде ќе се сретнеме со Италија и Естонија. Во текот на денот се очекува информација и околу здравствената состојба на македонскиот кошаркар од Хувентуд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА