Норвешкиот биатлонец Јоханес Тингес Бо ја започна трката во саботата во Нове Место, во која победи и покрај тоа што беше позитивен на коронавирусот, изјави тој за норвешките медиуми.
Лидерот во Светскиот куп имаше три теста, од кои два беа позитивни.
„Учествував во трката бидејќи водев по спринтот и сакав да победам“, изјави Бо.
Неговиот брат Тарје кој заврши како втор исто така беше позитивен и реши да учествува на трката. И двајцата беа без изразени симптоми на корона вирусот, а Меѓународната биатлон федерација (ИБУ) не им забранува на спортистите кои се позитивни на Ковид-19 да учествуваат на трки оваа зима доколку се физички способни да го сторат тоа.
Двајца норвешки скијачи се обидуваа да се држат настрана од другите натпреварувачи се искачија на подиумот со маски на лицата.
„Тоа беше нивна одлука. Нашиот лекар рече дека ако немаат симптоми, немаат температура и се само позитивни, зависи од нив дали сакаат да се натпреваруваат или не“, изјави во трката селекторот на Норвешка, Зигфрид Мазе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

