Легендарната трка „Индијанаполис 500“ е одложена за 23. август поради пандемијата од коронавирусот која го зафати светот. На тој начин 104. издание на „најголемиот тркачки спектакл“ ќе биде одржано три месеци подоцна од првичната дата (24. мај).
„Разочарани сме што мораше да дојде до одложување, но здравјето на нашите натпреварувачи мора да биде на прво место“, изјави Роџер Пенск.
На трката ќе учествува и поранешниот Ф1 шампион, Фернандо Алонсо кој ќе се обиде да стане само вториот возач во историјата кој успеал да освои тројна круна во автомото спортот. Трите трки кои ја сочинуваат тројната круна во автомото спортот се Големата награда на Монако, 24 часа Ле Ман и Инди 500.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА