Короната не престанува да се шири меѓу фудбалерите: Заразен Донарума, двајца позитивни во Баерн, тројца во Лајпциг…

Коронавирусот не престанува да се шири меѓу фудбалерите. Откако стигна веста дека ветеранот Џанлуиџи Буфон е позитивен на коронавирус, денеска пристигна информацијата дека и Џанлуиџи Донарума е позитивен на коронавирус. Тој е во изолација и се следи неговата состојба. Неговиот соиграч Лео Меси исто така е позитивен.

Дека короната се шири меѓу фудбалерите и натаму, покажува фактот дека Баерн пријави два нови случаи на коронавирус. Станува збор за фудбалерите Лерој Сане и Дајот Упамекано. Лајпциг, пак, пријави три нови изолации: Мукиеле, Хенрикс и Олмо.

Претходно беше пријавено дека Нојер, Толисо, Коман и Ричардс од таборот на „Баварците“ се во изолација поради позитивен тест.

 

Се вчитува...