Короната прави хаос и за подготовките: Шалке и Чурлинов не одат во Белек, ќе тренираат „дома“

Фудбалскиот клуб Шалке одлучи да не патува на подготовки во Белек, поради заразата со коронавирусот. Тимот требаше денеска да замине во Турција, меѓутоа од клубот соопштија дека нема да го реализираат тренинг кампот поради омикрон варијантата на коронавирус, која се шири со голема брзина.

По внатрешни дискусии, одлучено е екипата да не патува во Турција.

„Од спортска гледна точка одлуката е несериозна, и сигурно ќе имавме придобивки од овој тренинг камп за да се подготвиме подобро, меѓутоа во последните денови мораме да се помириме дека постои голем ризик за патувањето. Јасно зголемен е ризикот со новата варијанта, и затоа мораме да понесеме одговорност и одлучивме да не патуваме во Белег“, се вели во соопштението од спортскиот директор на клубот Рувен Шредер.

Од клубот истакнуваат дека сите фудбалери и вработени во тимот се целосно имунизирани, но со оглед дека новата варијанта се шири и меѓу вакцинираните, од германскиот тим одлучија да не патуваат на подготовки и истите да ги реализираат во Гелзенкирхен и во околината.

Во моментов во Шалке има двајца позитивни на ковид-19. Симон Теороде, и Ко Итакура. Интересно е што Итакура има примено и трета „бустер“ доза на вакцина.

Се вчитува...