Коронавирус и кај Србите пред клучниот меч за ЕП

Коронавирусот создаде проблем и за српскиот селектор Љубиша Тумбаковиќ пред денешниот бараж-дуел за пласман на ЕП против Шкотска, откако еден од повиканите фудбалери на „северниот сосед“ беше позитивен на коронавирус.

Станува збор за фудбалерот на Кристал Палас, Лука Миливојевиќ, кој бил тестиран веднаш по пристигнувањето од Лондон. Тестот бил позитивен, веднаш било извршено и второ тестирање, но откако и тоа дало идентичен резултат стана јасно дека Миливојевиќ нема да може да помогне на клучниот натпревар на српскиот национален тим.

Тумбаковиќ од претходно не може да смета ниту на Филип Ѓуричиќ, откако крилниот офанзивец се зарази од коронавирус уште при настапите за својот тим Сасуоло.

Се вчитува...