Коронавирус и во Челси, мечот со Сити сепак ќе се игра

Менаџерот на Челси, Френк Лампард откри дека последните тестирања покажале неколку позитивни случаи, но за среќа не е ниту еден од фудбалерите. Челси во недела ќе го пречека Манчестер Сити во дербито на колото, кој сега за сега нема да биде одложен.

„Како стојат работите натпреварот ќе се игра. Имаме неколку позитивни на коронавирус, но ниту еден не е од фудбалерите“, изјави Лампард. 

Ситуацијата со короната е далеку покомплицирана во тимот од Манчестер. Кајл Вокер и Габриел Жезус први беа позитивни, а потоа вирусот се прошири меѓу другите играчи и членовите на стручниот штаб.

Се вчитува...