Коронавирус и во Евролига: „Манекените“ и „кралевите“ заразени, ќе се одложуваат дуели

Пандемијата на коронавирус повторно зема замав, а сега навлезе и во Евролигата каде шест члена на Олимпија Милано, од кои четири кошаркари и два члена на стручниот штаб се позитивни по последните тестирања, пренесуваат италијанските медиуми.

Поради големиот број на позитивни случаи, но и со цел спречување на понатамошно ширење на заразата дуелот против Жалгирис кој требаше да се одигра во среда во Каунас ќе биде одложен, а истото се очекува и за мечот помеѓу Реал Мадрид и ЦСКА Москва.

„Кралскиот клуб“ има позитивни случаи во своите редови што е очекувано по дуелот одигран во Милано претходната недела.

Се вчитува...