Коронавирусот влезе и во КК Куманово, откако овој тим забележа два позитивни случаја на последните тестирање во пресрет на дуелот со ТФТ во БИБЛ Лигата, кој официјално ќе биде одложен. При што раководството на БИБЛ Лигата дополнително ќе одбере датум за одигрување на овој натпревар, кој требаше да биде одигран со СЦ „Кале“.
Во саботата кумановци одиграа дуел со ФМП Академија во рамките на третото коло од Првата Лига, меѓутоа засега останува непознато дали и тимот од Кисела Вода ќе оди под нова изолација.
Со ова, проблемите со кои се соочува нашата федерација во полза одигрување на престојните натпревари од четвртото коло дополнително се закомпликуваат. Како потсетување дуелите кои беа закажани за денеска, беа одложени поради учеството на МЗТ Скопје и Работнички во „балонот“ на АБА2, и дуелот помеѓу ТФТ и Куманово во БИБЛ Лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА