Македонскиот селектор Игор Ангеловски повторно има главоболки и околу настапот на Елиф Елмас на дуелот со Косово, откако денеска беа обелоденети и првите случаи на коронавирус во таборот на Наполи. Токму Наполи беше последниот тим што се сретна со Џенова по масовните позитивни случаи во овој клуб, но по првите негативни тестови владееше оптимизам дека во тимот на Џенаро Гатузо сепак нема да биде инфицирани.
Согласно протоколите сите екипи се тестираат трипати во пресрет на секое коло, а вчерашното второ тестирање пред дербито со Јувентус донесе неочекуван проблем – први позитивни случаи на Covid-19 во тимот од Неапол.
„Двајца позитивни во Наполи, еден фудбалер и еден член на управата. Ова се резултатите од вчерашните тестирања, втори од трите предвидени пред дуелот со Јуве“, информираат медиумите од Неапол.
Идентитетот на заразените засега се чува во тајност, а останува само да се надеваме дека не станува збор за Елиф Елмас, за кого евентуален позитивен случај би значел и дефинитивно пропуштање на завршните битки за пласман на ЕВРО 2021.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА