Задолжителните корона-тестирања пред почетокот на СП 2023 ги донесоа и првите проблеми, откако големиот фаворит Данска пријави еден позитивен играч на последното тестирање.
Станува збор за левиот бек Мадс Менса Ларсен, кој има благи симптоми на болеста и веќе е ставен во изолација. Голем проблем за Данците е што Менса Ларсен е цимер со најголемата данска ѕвезда, „бомбардерот“ Микел Хансен, кој бил негативен на денешното тестирање, но не се исклучува можноста тој да биде позитивен во наредните денови.
Данците својот настап на СП 2023 ќе го стартуваат в петок против селекцијата на Белгија, а како ривали во групата Х ќе ги имаат уште и Тунис и Бахраин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА