Еурофарм Пелистер ќе биде сериозно ослабен за претстојниот натпревар од Лигата на Европа против Ним, откако тренерот Жељко Бабиќ непосредно пред тргнувањето за Франциај се соочи со неочекувани проблеми.
Имено, иако целокупната екипа на Еурофарм Пелистер е вакцинирана, денешното задолжително тестирање пред заминувањето за Франција донесе и два позитивни резултати, и тоа на бековите Матео Мараш и Немања Обрадовиќ. Двајцата ракометари немаат никакви симптоми, но по позитивните тестови мораат да заминат во самоизолација, па нема да бидат на располагање за мечот со Ним.
Покрај нив, во составот ќе го нема ниту главниот организатор на играта, Јосип Периќ, поради болест, а повреден е црногорскиот крилен ракометар Мирко Радовиќ.
Повикани ракометари за натпреварот Ним – Еурофарм Пелистер:
– Мартон Секељи
– Марко Кизиќ
– Гоце Ојлески
– Бојан Маџовски
– Дејан Кукуловски
– Стипе Мандалиниќ
– Реиние Табоада
– Марио Танковски
– Мартин Велковски
– Јосип Божиќ Павлетиќ
– Ненад Костески
– Елмир Граџан
– Никола Маркоски
– Милорад Кукоски
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА