Во екипата на Шарлот Хорнетс се појави коронавирус, а најмалку четири играчи се заразени. Младата ѕвезда Ла МЕло Бол заедно со Тери Розиер добиле позитивен тест, а потоа позитивни излегоа и Мејсон Пламли и Џален МекДаниелс.
Во клубот веруваат дека постојат и уште случаи, па целиот тим е во моментов во изолација.
Хорнетси се седми на истокот со 13 победи и 11 порази, и треба во понеделник вечер да играат со Атланта на гости, но прашање е дали ќе се одигра.
Хорнетси се поразени три натпревари во низа, а пред тоа имаа добри резултати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

