Англиската Премиерлига денес објави дека се потврдени два нови случаи на инфекција со коронавирус во последната рунда на тестирање. Ова значи дека повторно ќе се активираат карантини со цел да се обезбеди превенција на здравјето на играчите.
Фудбалерите кои се позитивни на Ковид-19 ќе ги поминат следните 10 дена во самоизолација, вака барем објавува Би-Би-Си.
Како што се наведува, од 8 до 14 февруари биле тестирани вкупно 2.664 играчи и други членови на тимот во Премиерлигата, а потврдени се само мал број на позитивни фудбалери. Иако бројот на заболени не е голем, сепак, челниците на Премиерлигата бараат и понатаму почитување на мерките за препазливост.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

