Коронавирус влезе и во Манчестер Сити – позитивни се Пеп Гвардиола и осум фудбалери

Шампионот Манчестер Сити е најновиот англиски премиерлигаш кој се соочува со огромни проблеми поради коронавирус. „Граѓаните“ беа еден од ретките тимови што во изминатиот месец имаа само изолирани случаи, но затоа Covid-19 го нападна „синиот клуб од Манчестер“ веднаш по новогодишните празници.

Денешните тестирања покажаа шокантни резултати, позитивен е стратегот Пеп Гвардиола, како и дури осум фудбалери на „граѓаните“. Покрај нив, позитивни се и уште 14 членови на клубот, поради што се очекува да биде затворен тренинг-комплексот во наредните неколку дена.

Барем засега Манчестер Сити нема поднесено барање за одложување на дуелот од ФА Купот против Свиндон што треба да се игра в петок навечер, но не се исклучува тоа да се случи доколку во следните 24 часа се појават нови позитивни случаи во таборот на „граѓаните“.

Се вчитува...