Екипата на Фиорентина има неколку случаи на коронавирус во екипата, со што неколкумина не отпатуваа со екипата на подготовките во Моена.
На стартот од подготовките ги нема Пулгар, Драговски, Кокори, Крастев и Церофолини. Засега не е познато кои од овие играчи се заразени со вирусот. Тимот очекува сите да се приклучат за неколку дена.
Исто така првите двајца се пред заминување од Фиорентина, па можно е да се случи тие воопшто да не отпатуваат на подготовките на „виолетовите“ кои попладнево стигнаа во својата „база“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА