Холандската Ракометна Федерација денеска објави дека четири члена на овој национален тим се позитивни на коронавирус, на тестрирањето што било извршено во пресрет на денешниот пријателски меч против селекцијата на Франција.
Од четирите позитивни теста, само еден е на ракометар, и тоа на Јорн Смитс, кој имаше Ковид-19 уште пред две седмици, па „лалињата“ се сомневаат во точноста на резултатот.
Покрај Смитс, позитивни биле и помошниот тренер Ваи Вонг, потоа физиотерапевтот Роберт Бардсе и тим-менаџерот Мајке Вилемс, но ниту еден од нив нема симптоми на болеста.
Холандија е дел од групата во која се наоѓа и Македонија, заедно со Норвешка и со Аргентина, а нашите ракометари својот меч со „лалињата“ ќе го играат во рамките од второто коло закажано за 15 јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

