Подготовките на Вардар за саботниот натпревар против Нексе се сериозно нарушени по првиот позитивен случај на коронавирус во таборот на „црвено-црните“. Неофицијално, дознаваме дека станува збор за капитенот Стојанче Стоилов, кој е ставен во самоизолација и дефинитивно нема да настапи на дуелот против Нексе во Скопје.
Воедно, поради овој прв позитивен случај сите останати ракометари и членови на стручниот штаб на „вардарци“ повторно заминаа на тестирање, па сега „црвено-црните“ со нетрпение ги очекуваат резултатите од што ќе зависи на кои ракометари ќе може да смета тренерот Стевче Алушовски за саботниот натпревар од СЕХА-лигата.
Стоилов во текот на минатата седмица доби принова во семејството, на прославата биле присутни и поголем дел од клупските соиграчи, па затоа сега се чека да се види дали тој е единствениот „вардарец“ позитивен на Covid-19.
Се очекува актуелниот европски првак во текот на денешниот ден и официјално да ја потврди оваа информација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА