Анадолу Ефес, Макаби Тел Авив, Барселона, три од петте моментално најдобри на табелата во кошаркарската Евролига се соочуваат со драстични намалувања на буџетите за следната сезона. Ударот од светската пандемија на коронавирусот на краток рок предизвика прекин на првенството и пауза за играчите, но на долг рок може да предизвика големи последици.
Актуелниот лидер на табелата во Евролигата, турскиот Анадолу Ефес објави дека за следната сезона ќе го намали буџетот за 30 до 40 проценти. Кај Макаби Тел Авив намалувањето може да биде подрастично. Барселона која во актуелната сезона влезе со зоглемен буџет пред се проади засилувањата кои ги доведе се соочува со проблеми за следната сезона.
Очекувањата во нормални услови би биле дека буџетот на наредната сезона би бил еднаков или дури поголем од актуелниот, но големиот пад на приходите периодов, не само во кошаркарската секција, тутку во целото семејство Барселона, нема да го дозволат тоа. Во меѓувреме клубовите се во очекување на конечната одлука отколу тоа дали, кога и како ќе биде комплетирана сезоната во најквалитетното кошаркарско натпреварување во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА