Ширењето на коронависрусот почна да станува сериозна грижа за организаторот на претстојните Летни олимписки игри. Влијанието кое опасниот вирус би можел да го има на игрите е проблем за домаќинот Токио. Неколку квалификациски турнири за Игрите беа преместени од Кина во други држави.
„Многу сме загрижени дека ширењето на вирусот ќе биде како истурање студена вода и оти ќе го расипе „моментот“ на Игрите“ – вели извршниот директор на организацискиот комитет, Тоширо Муто.
Јапонската влада и премиерот Шинзо Абе најавија дека ќе направат се ширењето на вирусот да има минимално влијание на ЛОИ кои почнуваат на 24 јули. Досега има над 24.000 заболени од коронавирусот, починати се 490, а два смртни случаи се пријавени надвор од Кина, во Филипини и во Хонк Конг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА