Конор МекГрегор, преку емотивна порака на Инстаграм, се одлучи да ги советува фановите да ги почитуваат сите мерки околу коронавирусот затоа што здравјето е на прво место. Но, по сите совети на крајот откри и дела пред неколку денови добил вест која потполно го скршила.
Конор се одлучи да и открие на јавноста дека коронавирусот го погодил и неговото семејство, па и дека имал смртен случај. Неговата тетка Ен се заразила од коронавирусот и починала.
„Беше тоа одличен ден. Го поведов семејството во студио. И тогаш добив повик од Ирска. Ми ја јавија дека мојата драга тетка Ен починала. Не можев повеќе ниту да бидам дел од емисијата. Мојата неверојатна тетка повеќе ја нема, сестра на мојата мајка. Овој еб.н вирус ја зеде. Не се шегувајте, почитувајте ги препораките, седете дома и внимавајте“ – напиша МекГрегор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА