Гоце Седлоски експресно ја заврши својата авантура како тренер на вториот тим на Динамо Загреб, заминувајќи си од клупата на оваа екипа откако беше обелоденето дека е позитивен на коронавирус.
Седлоски пристигна на почетокот од кризата со коронавирусот, но токму епидемијата придонесе тој четири пати да се најде во самоизолација во изминатиот период. Откако била обелоденета информацијата дека македонскиот стратег е позитивен на коронавирус, управата на „модрите“ решила да ја прекине соработката со него.
„Во текот на својот мандат Седлоски четири пати беше во самоизолација, а пред два дена доби и позитивен тест на Covid-19, што го спрекува да го презентира своето тренерско знаење на младите фудбалери“, објави Динамо, потврдувајќи ја веста за разделбата со Македонецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

