Коронавирусот одложи два меча во НБА, Порзингис ќе почека за камбек

Коронавирусот создава се повеќе проблеми и во НБА-лигата, каде се одложени два натпревари што требаше да бидат дел од вечерашната програмата.

Порзингис требаше да се врати во тимот на Далас за дуелот со Њу Орлеанс, но овој меч нема да може да се одигра поради присуство на коронавирус во таборот на Далас. Денеска беше потврдено дека позитивен на Covid-19 е Клебер, а беа издадени решенија за самоизолација на Брансон, Ричардсон и на Фини-Смит. Ако на ова се додадат неколкуте повредени, Далас не можеше да го собере неопходниот минимум од осум здрави кошаркари, поради што овој меч ќе биде презакажан за некој подоцнежен датум.

Истото се однесува и на мечот меѓу Бостон и Чикаго, поради коронавирус меѓу селтикси. Џејсон Тејтум е последниот позитивен кошаркар во таборот на Бостон, ниту „зелените“ немаат кворум од минимум осум здрави кошаркари, поради што нема да излезат на мегдан со „биковите“.

Челниците на НБА-лигата за утре закажаа состанок на кој ќе се дискутира за се почестите случаи на одложување на натпреварите. Барем засега, нема најави дека би можело да дојде до прекин во најсилната кошаркарска лига во светот.

Се вчитува...