Фулам нема да може да одигра уште еден натпревар во Премиер-лигата поради коронавирус, откако најновите тестирања покажале нови позитивни случаи на Covid-19 во таборот на лондонскиот премиерлигаш. Поради ова, донесена е одлука за одложување на гостувањето на Фулам против Барнли, меч што требаше да се игра утре на „Турф Мур“.
Тимот на Скот Паркер го одложи и претходното гостување против Тотенхем, по позитивните случаи во пресрет на тој меч сега секојдневно беа вршени тестирањата во Фулам, а денешните последни тестови донесоа и нови позитивни случаи.
Новиот датум на одигрување на овој премиерлигашки натпревар ќе биде дополнително одреден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

