Втората Формула 1 трка од претстојната нова сезона во Бахреин ќе се одржува без публика соопшти организаторот. Поради опасноста од коронавирусот од кој во земјата се заболени 83 лица натпреварување ќе мине пред празни трибини. Ова ќе биде голем удар за туризмот во Бахреин кој минатата година која дебитираше како домаќин на Ф1 трка пријави 97 000 посетители. Болните во Бахреин најчесто се поврзани со патување во Иран. Претходно, Формула 1 шампионатот ќе почне со трката во Австралија закажана за викендов.
Во Англија во текот на денов ќе биде одржан кризен состанок на кој треба да биде донесена одлука дали спортските настани ќе се одржуваат без навивачи. Британија го пријави третиот смртен случај од COVID19 и затоа Владата ги свика на состанок лидерите на спортските федерации и сопствениците на телевизиските права.
Во премиер-лигата има најави за одигрување на натпреварите во слендите две седмици без публика. Клубвите веќе ги органичуваат фудбалерите во давањето автограми и фотографирањето со навивачите додека голем дел од фановите викендов на стадионите носеа заштитни маски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА