Лос Анџелес Клиперс реши да го затвори тренинг центарот бидејќи еден од вработените е позитивен на коронавирус. Американските медиуми не пренесоа за кого станува збор, но шпекулациите велат дека тоа е некој од персоналот кој требало да патува со тимот во Орландо, каде ќе се игра завршницата на сезоната. Се очекува кошаркарите на тимот од ЛА се да се вратат на тренинзи по неколку дена.
Клиперс се третиот тим во НБА кој беше принуден да го затвори тренинг центарот поради Ковид-19, а претходно истото го направија и Денвер и Бруклин. НБА објави дека од 351 тестиран кошаркар кај 25 од нив е утврдено дека се позитивни на корона, како и кај 10 членови на стручниот штаб на тимовите.
НБА лигата ќе се врати на 30. јули во Орландо и тоа со натпреварот меѓу двата тима од ЛА, Лејкерс и Kлиперс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА