Неколку фудбалери на Челси се позитивни на коронавирус, пренесуваат британските медиуми. Од клубот потврдија само дека Мејсон Маунт, Тами Абрахам, Кристијан Пулишиќ и Фикајо Томори ќе одат во самоизолација откако се вратиле од грчкиот остров Миконос каде биле на одмор.
Од клубот не ја потврдуваат точната бројка на заразени и имињата на заразените, но познато е дека неколку фудбалери биле позитивни на тестовите кои биле направени по враќањето во Лондон. Фудбалерите кои се заразени мора десет дена да бидат во изолација, а потоа да добијат негативни резултати како би можеле да му се приклучат на тимот на подготовките.
Првиот натпревар во новата сезона екипата на Френк Лампард го игра на 14. септември против Брајтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

