Ќосевски повторно на голот на шампионот

Раководството на Струга ТЛ изненади многумина кога на почетокот од летово не го задржа голманот Ведран Ќосевски, одличниот чувар на мрежата кој беше меѓу најзаслужните што овој тим се закити со нова шампионска титула.

Грешката очигледно беше увидена, па денеска е објавено дека Ќосевски сепак ќе продолжи да го носи дресот на Струга ТЛ откако потпиша тригодишен договор со македонскиот првак. Овој 29-годишен голман имаше и неколку понуди од странство, но по долго размислување реши да потпише нов договор со Струга и да остане во мак-фудбалот до 2027 година.

Ќосевски претходно има настапувано во шампионатот на БиХ за Вележ и за Железничар, а боите на Струга ТЛ ги брани од 2022 година.

Се вчитува...