Само неколку часа откако беше објавено дека се разделува од Вардар, Алан Ќосевски потпиша за ГРК Охрид. Ќосевски потпиша договор на 1,5 година, а нстапува на позицијата десно крило.
24-годишниот Ќосевски во изминатите 6,5 години играше во Вардар, сега ја смени средината. Во минатото Ќосевски ги мина сите младински категории на ракометната репрезентација на Македонија, а секогаш е на поширок список и на сениорската репрезентација.
Со него Охрид ја зголемува конкуренцијата на десната крилна позиција, и ќе треба да биде засилување за тимот во што подобри настапи во Супер-лигата, но и во Европскиот Куп каде охриѓани во февруари ги очекува двомеч со Дукла Прага од Чешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

