Кош кој ретко се гледа: Мустафица погоди од својата линија за слободни (ВИДЕО)

Во сенка на плејоф натпреварите се води битката за опстанок во „елитата“ на македонската кошарка. Во плејаутот вчера беше комплетирано првото коло по кое блиску до задржување на прволигашкиот статус се Академија ФМП и Чаир 2030, а од натпреварот одигран во „Шабан Трстена“ ни доаѓа и потег кој ретко се гледа.

Истиот е дело на кошаркарот на чаирчани, Недим Мустафица кој на крајот на првото полувреме погоди од својата линија за слободни фрлања и го „претрка“ звукот на сирената.

Се вчитува...