Кошаркарот на Дубаи, искусниот Давис Бертанс нема да биде од тимот од Обидинетите арапски емирати на престојниот Суперкуп на ВТБ лигата кој ќе се одржи во Белград и на него покрај клубот на Летонец ќе настапат и Црвена Звезда, ЦСКА Москва и Зенит.
Генералната проба пред почетокот на сезоната ќе ја пропушти не поради спортски, туку поради политички причини бидејќи верува дека не треба да се натпреварува против руски клубови додека Русија врши агресија над Украина. Бертанс вели дека има поддршка од тимот за оваа одлука.
„Разговарав со тренерот Јурица Големец и генералниот директор и го искажав својот став. Тие во целост го прифатија и покрај тоа што шефот на струката претходно не гледаше на ситуација од таа перспектива“, откри Бертанс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

