Крис Синглетон, центарот на Анадолу Ефес доживеа срцев удар и се наоѓа во болница. Од турскиот клуб истакнаа дека играчот се чувствува добро.
Првотимецот на Ефес се пожалил на болки во градите, а прегледите во болница покажале дека добил срцев удар.
„Коронарната ангиографија на Синглетон кој е тестиран после болки во градите е чиста. Играчот ќе биде подложен на понатамошни испитувања. Во текот на овој период ќе остане на посматрање, а околу деталите ќе ја информираме јавноста“, се наведува во соопштението на Ефес.
Ова е само почеток на лошите вести за овој тим. Пред неколкју дена Брајан Данстон имал сообраќајна несреќа, но минал без тешки последици.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

