Славниот руски кошаркар и член на ЦСКА Москва каде што тренер е нашиот Емил Рајковиќ, Никита Курбанов ја потресе европската спортска јавност откако излезе позитивен на кокаин.
За вакви прекршоци, во Русија се предвидени суспензии од максимум три месеци, а со оглед на тоа што Курбанов бил позитивен на 20. октомври минатата година, казната му истекува утре и веќе ќе може да се врати на тренинзите на клубот.
„РУСАДА одлучи да го дисквалификува Курбанов на три месеци поради повреда на руските антидопинг правила. Казната почнува од 10 јануари 2024 година, но ќе се земе предвид и неговата привремена суспензија која трае од 20 октомври 2023“, се вели во соопштението на руската антидопинг агенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

