Кошаркар на Хјустон ја скрши раката на загревање

Кошаркарот на Хјустон Рокетс, Џабари Смит Јуниор се повреди на загревањето пред натпреварот против Бостон. Голем пех го снајде Хјустон пред дуелот со актуелниот шампион во НБА, бидејќи Смит на загревањето ја скрши левата рака.

Олеснителна околност е што тоа не е неговата шутерска рака, но операцијата е неизбежна и тој ќе отсуствува најмалку четири до осум недели. Ова е трета сезона за Смит во НБА, тој беше избран како трет пик на драфтот во 2022 година и не пропушти ниту еден натпревар оваа сезона до неговата повреда.

Откако одигра 79 натпревари во првата сезона и 76 во втората, Смит сега е загарантирано дека ќе има најмалку настапи во кариерата оваа сезона. Сезонава просечно бележи 11,9 поени со 6,5 скока и по една блокада и една асистенција на 33 меча, со просечни 30,9 минути поминати на паркетот.

Се вчитува...