Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ неодамна стана член на тимот на Лос Анџелес Клиперс, а таму, меѓу другите, го пречека и Никола Батум, кој проговори за поранешниот кошаркар на Партизан.
По натпреварот на Клиперс со Њујорк Никс кој го добија со 105:95, Французинот зборуваше за Богдановиќ каде допре неколку моменти од минатото, а првенствено се осврна на нивните дуели на репрезентативен план.
„Загубив толку натпревари поради него. Го мразам!“, почна Батум, и продолжи:
„Драго ми е што конечно, сега е на моја страна. Знам што може да донесе кога дојде. Играв против него толку пати, знаев дека тој може, и сега другите момци сфаќаат дека може да му веруваат“, рече Батум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА