Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Ејвори Бредли, одлучи да ја заврши сезоната и да не игра во нејзиното продолжение на Флорида. Бредли изјави дека среде пандемија од коронавирус сака да остане со својата сопруга и трите деца, меѓу кои е и неговиот шестгодишен син кој има проблеми со дишењето. Со одлуката да ја пропушти сезоната Бредли ќе загуби 650.000 долари.
„Не можам да замислам да донесам одлука која ќе го ризикува здравјето на моето семејство. Како што реков во неколку наврати овој период ќе го искористам на проекти кои ќе помогнат за подобрување на заедницата“, изјави Бредли.
Бредли пред суспендирањето на сезоната на 44 натпревари просечно бележеше по 8,6 поени и 2,3 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА