Кошаркар на Мајами за две минути заработи еден милион долари

Кошаркарот на Мајами хит Кели Олиник, по натпреварот со Атланта хокс стана побогат за еден милион долари. Крилниот центар мораше да одигра најмалку две минути на таа средба за да ја оствари клаузулата која му стои во договорот со франшизата од Флорида.

Пред овој натпревар Олиник одиграл вкупно 1698 минути, а во договорот му стои клаузула според која ќе заработи еден милион долари доколку одигра вкупно 1700 минути сезонава, или само две минути на средбата со „соколите“.

Сепак, тие две минути не до задоволија Олиник, па кошаркарот остана на паркетот уште 21 минути и постигна 19 поени, осум скока и пет асистенции.

Се вчитува...