Koшаркар на Партизан ја откри причината за заминувањето на Желимир Обрадовиќ

Партизан покажа неверојатен карактер и со супер пресврт во последните десетина минути успеа да слави над Црвена Звезда со 79-76, за втор триумф во низа на „црно-белите“ по заминувањето на Желимир Обрадовиќ.

По мечот кошаркарот на „црно-белите“ Двејн Вашингтон ја откри причината за заминувањето на искусниот стратег.

„Ни верува. Откако го презеде тимот, не викаше на нас, ни дава поддршка и добри совети, а тоа ни носи самодоверба. Навистина е добро да го имаме за тренер. Разбрав дека било тешко за сите. Ми требаше време да го сфатам тоа. Сега сме на подобро место. Не сме таму каде што сакаме, но сме на вистинскиот пат“, изјави Вашингтон. 

Се вчитува...