Доскорешниот кошаркар на Вардар, Милорад Миновски заминува во шоу бизнисот и ќе биде дел од реалити шоуто „Задруга“, пренесува српскиот медиум Мондо. Македонецот се најавува како лошо момче чие тело е покриено со тетоважи, а има и проблеми со законот.
Миновски кој во минатото ги бранеше боите на неколку кошаркарски клубови како Ангели и Вардар, а беше дел и од „3х3“ екипи ќе го наследи трендот кој го започнаа Дарко Спејко, Моника Јовановска…
„Потпишав договор, а од поранешните членови на Задруга ги познавам Спејко, како и Моника Јованска од претходната сезона… Не бев во затвор, но сум осудуван, имав некои проблеми со законот. Некој клан поради улично недоразбирање ми ја крена колата во воздух претходната година. Се тоа се случи пред мојата куќа“, вели Миновски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА