Кошаркарот на Мемфис, Брендон Кларк, беше уапсен во Арканзас поради пребрзо возење и поседување на контролирани супстанци. Полицијата го уапси Кларк во среда, меѓу другото, за неправилно претекнување и обид за бегство, а исто така тврди и за трговија со нелегални супстанции.
Тренерот на Мемфис, Туомас Исало, пред натпреварот против Њујорк синоќа накратко изјави дека е запознаен со случајот, но не даде дополнителен коментар.
Брендон Кларк одигра само два натпревари оваа сезона поради проблеми со повреди, а Мемфис на 24 март објави дека ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната, односно дека очекуваат да биде подготвен за следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

