Бахамскиот кошаркар Каи Џонс потпиша за Ефес, соопшти клубот од Истанбул.
Пристигнува како замена за Винсент Поаире. Французинот се повреди пред Евробакетот и ќе отсуствува до јануари, кога Џонс ќе има опција да се откаже од договорот и да се врати во НБА.
Како што е соопштено, 211 сантиметри високиот Џонс потпишал договор со челниците на клубот чиј тренер е Игор Кокошков до јуни следната година.
Џонс (24) минатата сезона беше член на Далас и Лос Анџелес Клиперс, но не доби значајна минутажа во НБА клубовите.
Џонс беше избран со 19. пик во 2021 година од Шарлот Хорнетс. По низата вознемирувачки објави на социјалните мрежи тој доби отказ. Подоцна зборуваше за проблемите со менталното здравје, кога го промени и имиџот.
После тоа, тој се пресели во Лос Анџелес Клиперс. Неговиот последен ангажман во НБА беше во Далас Маверикс, каде што играше многу малку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

