Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска попладне, од 18:00 часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, ќе ги стартува подготовките за натпреварите кои следуваат во февруарскиот ФИБА „прозорец“ за пласман на Евробаскетот во 2025 година.
Селекторот Александар Јончевски објави 16. кошаркари на конечната листа на кандидати за двете средби против селекциите на Естонија и на Полска.
Првиот од двата дуели, оној на гости кај Естонија во Талин, е закажан за в петок (21. февруари) додека вториот, три дена подоцна, 24.февруари (понеделник), на домашен терен во Скопје против Полска.
Се очекува селекторот Александар Јончевски да ги има на располагање и Ти-Џеј Шортс и Ненад Димитријевиќ за следните два квалификациски натпревари.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ
- Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
- Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
- Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
- Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
- Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
- Стојан Ѓуроски – Работнички
- Дамјан Робев – Работнички
- Виктор Ефремовски – Работнички
- Андреј Шошкиќ – Работнички
- Теодор Симиќ – Кожув
- Страхил Николов – ТФТ Скопје
- Ненад Димитријевиќ – Олимпиа Милано
- Лејсон Зеќири – Башкими
- Андреј Јакимовски – Колорадо
- Итан Хап – Валенсија
- Ти Џеј Шортс – Парис Баскетбал
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА