Кошаркарите до 16 години ги добија противниците за ЕП Б-дивизија

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години ги доби противницте за Европското првенство кое што следното лето ќе се игра во главниот град на Македонија, Скопје.

Нашите надежи на шампионатот се најдоа во групата Б заедно со репрезентациите на Полска, Словачка, Босна и Херцеговина, Република Ирска и Кипар.

Како што беше пракса и во минатите години на сите младински Европски првенства, најдобрите три репрезентации ќе изборат пласман во А – дивизија.

Се вчитува...