Koшаркарите до 20 години ќе имаат контроли со Црна Гора

Машката селекција „Под 20“ години го финишираше оној воведен дел од подготовките за настап на ЕП од Дивизијата „Б“ кој стартува на 7. јули во Скопје.

Веќе од денеска, следува оној, доста „поинтересниот“ за сите во оваа наша национална селекција – одигрвање на контролни натпревари.

А согласно со планираните активности, денеска, следува патување за Подгорица, каде во наредните два дена, на 21 и на 22. јуни, нашата машка младинска селекција ќе одигра и два контролни натпревари против репрезентацијата на Црна Гора.

„Патуваме во Подгорица на двомеч со репрезентацијата на Црна Гора. После десетдневните подготовки во Скопје ќе одиграме два натпревари со противник кој има одличен физикус и секогаш е во врвот. Ова ќе биде одличен тест, да видиме до каде сме со сработеното, и насока, како понатаму. Атмосферата и работната етика во тимот е одлична, имавме некои мали повреди кои полека ги санираме“.

Инаку, селекторот Василев и неговите соработници, Нино Чачиќ и Миодраг Тодоровиќ се определија во главниот град на Црна Гора да поведат вкупно 16. кошаркари.

СПИСОК НА ИГРАЧИ ЗА ПРИЈАТЕЛСКИТЕ НАТПРЕВАРИ ВО ЦРНА ГОРА

Амар Хот, Марин Петков, Андреј Митревски, Карло Блажевски, Филип Пандев, Виктор Стојковски, Димитар Иванов, Никола Василевски, Милош Јовановиќ, Андреј Шошкиќ, Петар Бошалески, Филип Наков, Никола Бојчев, Тома Стојаноски, Резарт Мемед, Теодор Симиќ.

Се вчитува...