Кошаркарите до 20 години подобри од Холандија

Репрезентацијата на Македонија до 20 години славеше на домашен терен против Холандија со убедливи 65-49 во контролен натпревар одигран во Скопје.

Нашите надежи во текот на целиот меч го контролираа резултатот и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се понадева дека може да дојде до полне плен.

Теодор Симиќ го предводеше нашиот тим во листата на стрелците. Реализираше 18поени, а имаше и осум скока. Бошалески постигна 12, а блиску до двоен ефект беше капитенот Хот, кој на седум поени додаде и десет скока.

Се вчитува...