По двата порази на проверките во Подгорица проти репрезентацијата на Црна Гора, овој „продолжен викенд“, нашите млади кошаркари запишаа две победи. Во два наврати беа подобри од соодветната селекција на Словачка овојпат со убедливи 80-54.
Нашите млади кошаркари имаа фуриозен почеток на втората „контрола“ во СРЦ „Кале“. Во рок“ од смо шест минути игра од првата четвртина, избраниците на Боро Смилковски поведоа со 18-2. До крајот на првиот пероод 20-8.
На почетокот на вториот, Македонија имаше имаше и плус од дваесет поени (29-9), додека на пауза заминавме со 36-20. Во вториот дел разликата само се зголемуваше за конечни 80-54.
Симиќ 19 поени и шест скока беше прво име во нашиот табор. Бошалески постигна 17 поени, додека Стојаноски финишираше со 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА