Кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години славеше на првата контрола против Словачка со 60-53.
По осум минути игра, Македонија веќе имаше двоцифрена предност (19-9), а по првата четвртина имавме плус шест (20-14). Оваа предност ја задржаа нашите кошаркари и во вториот период па на пауза заминаа со позитива од 30-23.
Во вториот дел избраниците на Боро Смилковски успеаја да го исконтролираат мечот и да стигнат до конечен триумф од 60-53.
Јовановиќ со 20 поени беше најефикасен во нашиот тим, додека Стојаноски постигна 12 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА